Србија – Обвинителството потврди: во авто сервис под автомобил е пронајдена бомба – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/19 7:16 PM

Србија – Обвинителството потврди: во авто сервис под автомобил е пронајдена бомба

Основното јавно обвинителство во Врање потврди дека во понеделникот 18-ти март во авто сервис во населбата Долно Врање е пронајден пластичен ексползив под автомобилот на жител од Врање. Полицијата ја деактивирала бомбата која изнесувала околу половина килограм пластичен ексползив “Penetric” со систем за далечинско управување.

Од обвинителството велат дека полицијата соопштила дека Ф.М однел автомобил “fiat bravo” на механичар за сервис. Тогаш механичарот открил дека имало поставено направа на предната спона на автомобилот.