Во Европа најрано во пензија одат Русите, Белорусите и Украинците, а најдоцна Грците, Исланѓаните и Норвежаните – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/19 1:14 PM

Во Европа најрано во пензија одат Русите, Белорусите и Украинците, а најдоцна Грците, Исланѓаните и Норвежаните

 

Хрватските синдикати почнуваат со собирање потписи против заминување во пензија на 67, наместо како сега на 65 години (62 за жени). Хрватски медиуми, заради споредба, објавуваат и каде најрано и најдоцна се оди во пензија во Европа.

Од земјите во ЕУ, надоцна во пензија одат Грците, Норвежаните и Исланѓаните – на 67 години, граница која е и за мажите и за жените. По нив следуваат Ирска, Холандија и Португалија со 66, па Италија и Шведка со 66 за мажи и 63 години за жени.

Во пензија, пак, со најмалку години се заминува во Русија и во Белорусија (60 за мажи и 55 години за жени) и во Украина (60 за мажи и 57 години за жени), а од земјите во ЕУ – Малта со 62 и Унгарија со 63 години, граница и за мажите и за жените.

Од земјите што произлегоа од СФРЈ, со 65 години возраст во пензија се оди во Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, со тоа што во последните две за жените границата е пониска – 61, односно 60 години. Во Македонија границата за мажи е 64, а за жени 62 години. Во овие балкански земји минималниот работен стаж за одење во пензија е 15 години.