Приведен Стевчо Јакимовски – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/19 9:07 AM

Приведен Стевчо Јакимовски

Фото: МИА

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата „Гром”, Стевчо Јакимовски утрово е приведен и е изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Обвинението е покренато од Основното јавно обвинителство, кое најави дека повеќе детали ќе соопшти во текот на денот.

Јакимовски беше приведен и лани во август на барање на финансиската полиција поради сомненија за злоупотреба на службена должност во времето додека бил градоначалник на Карпош.