КРАЛОТ СЕ НАЛУТИ: Леброн си ја кажа својата мака по последниот пораз – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 3:54 PM

КРАЛОТ СЕ НАЛУТИ: Леброн си ја кажа својата мака по последниот пораз

Леброн Џејмс покажува сериозни знаци на незадоволство во ЛА Лејкерс, тоа тој го потенцираше и по последниот меч во НБА лигата.

Во последното коло, „езерџиите“ беа поразени од тимот на Њујорк Никс (124:123), а Леброн истакна дека многу работи му пречат во новата средина.

„Ми пречат многу работи, ми пречи што не успеавме да го завршиме натпреварот како што треба. Бидејки сум редовно натпреварувачки настроен, ми пречи што не постигнав повеќе кошеви, ми пречи што не го искористив последниот напад“.

„Меѓутоа, која е разликата на крајот? Двата тима се далеку од плеј-офот. Ние имаме неколку победи повеќе, но во ваква си туација тоа и не ни значи многу“, констатира Џејмс.

Лејкерси имаат скор од 31-39, како и мина тата година, кога го немаа Леброн во своите редови.