Гулаб-писмоносец продаден за рекордни 1.252.000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 1:51 PM

Гулаб-писмоносец продаден за рекордни 1.252.000 евра

Интернет-страницата „Пипа“ ја објави рекордната цена што ја достигнал фламанскиот гулаб Армандо, кој е одгледан  од еден од најугледните гулабари во Белгија. Конечната цена е 1.252.000 евра, објавува „Пипа“, не наведувајќи го идентитетот на купувачот.

Белгиската новинска агенција „Белги“, пак, наведува дека купувачот е Кинез, кој гулабот-рекордер ќе го користи во репродуктивни цели „за да добие нови шампиони“.