Општина Охрид одлучи: Нема повеќе пари за концерти на балканските музички ѕвезди – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 1:06 PM

Општина Охрид одлучи: Нема повеќе пари за концерти на балканските музички ѕвезди

Советниците од Општина Охрид на последната седница речиси едногласно одлучија веќе да не се издвојуваат општински пари за кофинансирање на концерти на балкански естрадни ѕвезди. Вакви музички манифестации редовно се одржуваа во Охрид во шпицот на туристичката сезона, на просторот кај спортската сала „Билјанини Извори”.

„Кога направивме анализа, видовме дека најголема корист од вакви концерти имаат продукциските куќи од земјава, кои ги организираат. Градот нема никаков ќар. Градот секоја година во периодот од 14 јули до 15 август е полн со гости, а ваквите концерти не носат нови туристи. Заклучивме дека ниту од државјаните од соседните земји нема некој голем интерес за вакви манифестации”, соопштија од локалната самоуправа.