Родила шест деца за само девет минути – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 11:34 AM

Родила шест деца за само девет минути

Пред два дена Телма Чиака од Тексас роди шесторка, два пара близнаци и еден пар близначки, помеѓу 4:50 и 4:59 во гинеколошката болница во Тексас.

Сите се во стабилна состојба и моментално се наоѓаат во неонатална единица за интензивна нега, со оглед на тоа дека се родени со мала телесна тежина. Момчињата сè уште немаат имиња, а девојчињата ќе се викаат Зина и Зуриел.