Ќерката на Чавков: Сакаат татко ми да го направат криминалец во секој поглед – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 11:12 AM

Ќерката на Чавков: Сакаат татко ми да го направат криминалец во секој поглед

Лаги и клевети се тврдењата дека нејзиниот татко монтирал процеси додека бил на власт како министер за внатрешни работи и како директор на БЈБ,тврди за ТВ21, ќерката на Митко Чавков ,Зорица Чавкова. Таа се огласи по коментарот на поранешниот директор на Агенцијата за финансиско разузнавање, Ване Цветанов, дека Чавков уништувал семејства и дека освен 30 монтирани случаи имало истраги по негова нарачка и против невладините организации вклучени во „Шарената револуција“.

Чавкова вели дека во јавноста се пласираат лаги за оцрнување на нејзиниот татко.

„Ова е класична лага дека монтирал случаеви. Ова сега што се случува е одмазда. Ова е драконска казна. После оваа пресуда сега следува негово шиканирање, омаловажување и оцрнување. Сакаат да го направат криминалец во секој поглед“, изјави Чавкова за ТВ21.