Поранешен американски пилот вели дека знае каде слетал исчезнатиот малезиски авион – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 10:11 AM

Поранешен американски пилот вели дека знае каде слетал исчезнатиот малезиски авион

Пензиониран пилот на Боинг смета дека исчезнатиот лет МХ370 тргнал кон тајна писта – им рече на истражителите каде би требало да го бараат.

Енди Рајан верува дека МХ370 го сменил курсот после киднапирање во воздух.

Поранешниот пилот на Јунајтед Ерлајнс дошол до овој заклучок отккао ја анализирал патеката откако авионот изгубил контакт за 38 минути.

Тој теоретизира дека МХ370 летал на „однапред планирана“ локација на копното или дека удрил во океанот и го смета пилотот Захариј Ахмад Шах за главен осомничен.

И тој вели дека подрачјето околу Мадагаскар е местото каде би требало да се организира нова потрага.

На прашањето како авионот би можел да се пронајде, поранешниот пилот на американското воздухопловство вели: Случајно или со некој уред. Може дури и со сателот кој би истражувал некаква метална аномалија во оддалечено подрачје“.

Според неговите зборови нешто се случило поради што авионот свртел во лево. „Тоа е сложен авион, така што кој и да го направил тоа, претпоставувам еден од пилотите, морал да знае што прави“.

За да се спроведе целата намера другиот пилот морал да биде соучесник или онеспособен.

Иако е пронајден дел во морето верувам дека авионот некаде слетал, вели тој.

Неодамна на Мадагскар се откриени парчиња од остатоци кои изгледаат како да се од летот МХ370.

Пред тоа, три парчиња, дефинитивно од Боингот 777-200 се пронајдени на островот Ријунион и Маврициус – острови источно од Мадагаскар – и Танзанија, која е западно од островот.

Рајан признава дека откритието „би пополнило голема дупка“ во неговата теорија дека авионот слетал на копно.