Пендаровски и Силјановска во Охрид „се разминале“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/19 10:01 PM

Пендаровски и Силјановска во Охрид „се разминале“

Твитерџии ве поздравувам од преубавиот Охрид И мојот противкандидат денес е во Охрид. Не се секирајте, се разминавме 🙂

Ова е пораката што кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова од Охрид им ја упати на корисниците на Твитер. Сончевиот ден да го посети Охрид го искористи и Стево Пендаровски, кандидат за претседател на СДСМ. Да, се разминале, но во изминатите часови упатија остри критики.

-Беззаконие владее среде прекрасна природа, од Лагадин до струшкото крајбрежје!Ако ја сакаме Македонија ќе ја чуваме со закон.
Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга.До кога локалната самоуправа и Владата ќе го игнорираат гласот на граѓаните?, праша Силјановска.

Претходно Пендаровски реагираше дека Силјановска не го кажува својот став за насилството од Собранието до 27 април.

-Оние кои не се спремни да осудат насилство, не може да ја водат државата“, изјави Пендаровски. Тој рече дека завчера прв пат видовме провостепена пресуда за насилниците кои сакаа да спречат мирен трансфер на власта на 27 април 2017 година.