(видео) На комбе со патници во Скопје му излета тркало – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/19 2:35 PM

(видео) На комбе со патници во Скопје му излета тркало

На кружниот тек кај населбата Ѓорче Петров со Скопје, на комбе кое превезувало патници, му излетало тркалото. Во моментот нестабилното возило предизвика паника кај останатите возачи.

По автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 15 луѓе, зачестија инцидентните технички прегледи на службите, по што десетици возила за превоз беа исклучени од сообраќај. Меѓутоа, ова и сличните видеа, поставени од граѓаните, се илустрација дека треба уште да се работи во делот на безбедноста.

Видеото е од ФБ групата „Ѕид на сообраќаен срам“