Градоначалникот на Гази Баба, ги демантира наводите на Антикорупциска ,се’ што требало, законски било доставено до комисијата. – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/19 8:00 PM

  Градоначалникот на Гази Баба, ги демантира наводите на Антикорупциска ,се’ што требало, законски било доставено до комисијата.

  Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски ги демантира наводите на Антикорупциска ,се’ што требало, законски било доставено до комисијата.

Во реакцијата се вели дека како  градоначалник на општина Гази Баба,  целосно ја поддржува работата на Државната комисија за спречување на корупцијата и нема никаква намера да се меша во нивната работа, ниту пак да влијае на нивните одлуки.

,,Во интерес на јавноста сакам да известам дека со моето стапување на должноста градоначалник, согласно законскиот рок до антикорупциската комисија се навремено доставени и анкетниот лист и изјавата за интереси, како и дополната на анкетниот лист поради земен кредит и истата е уредно пријавена и архивирана од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Денешната Изјава од страна на Претседателката на државната комисија за спречување на корупција, со која изјавува дека јас сум еден од петтемина градоначалници кои не доставиле ниту Изјава за интереси ниту Анкетен лист е целосно невистинита и очигледно станува збор за технички пропуст на комисијата.

Токму од таа причина поради тоа што јавно на прес конференција беа соопштени информации кои не се вистинити, преку кои бев лично деградиран, а со тоа и општината и функцијата која ја извршувам, барам јавно извинување од страна на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата,се вели во соопштението.