Ново-стариот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, веќе неколку дена е на кормилото на клубот од Мадрид, а очекувањата кај навивачите по неговото доаѓање се енормно високи.
Тој со Реал направи неверојатна историја и бројки во ЛШ, по што ќе биде долги години запаметен, па од таму произлегува и големата љубов и еуфорија на фановите на Реал по неговото доаѓањето.
На прашање дали може да ги смени работите во Примера и дали верува во титула, Зизу одговори:
„Сакаме да ја завршиме сезоната со максимален број на бодовите од мечевите кои ни преостануваат. Имаме 11 натпревари до крајот и сакаме сите да ги добиеме. Знаете каков е фудбалот, никогаш не се знае“.
„Почнувајки од утрешниот меч, веќе сме фокусирани на секој следен чекор. Наша должност е да веруваме во можно освојување на титулата во Примера, но одиме внимателно, возбуден сум, почнувам нова авантура со Реал Мадрид“, констатира Зидан.
Реал Мадрид утре ја пречекува Селта на „Бернабе“.


