Потегот на младиот градоначалник на Хрватска Костајница, Далибор Бишќан, дотраениот службен автомобил наместо со нов, како што тоа редовно го прават сите градоначалници, да го замени со половен автомобил е поздравен од многу негови сограѓани, а за него пишуваат и хрватските медиуми.
„Би сакал да ги информирам моите сограѓани дека по завршената јавна набавка успеавме да пронајдеме поволен половен автомобил и оти со поминатите 60.000 километри ќе ги задоволи нашите стандарди и уште многу години ќе служи. Стариот автомобил, пак, нашите механичари го поправаат и тој и понатаму ќе се користи од локалната саоуправа, но за пократки релации“, напишал на „Фејсбук“ градоначалникот.