Германска амбасада: Со споредбата со Нинбершкиот процес се минимизираат делата на наци-злосторниците – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/19 11:43 AM

Германска амбасада: Со споредбата со Нинбершкиот процес се минимизираат делата на наци-злосторниците

По Aмериканската aмбасада и aмбасадата на Сојузна Република Германија во Македонија реагираше на изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој судењето за настаните од 27 април го спореди со она на нацистите во Нинберг.

-Споредбата на постапките на правосудните служби на Северна Македонија со нирнбершките процеси е несоодветна. Со тоа се минимизираат делата на наци-злосторниците. Одговорните лица во Северна Македонија треба да придонесат за надминување на поделбата на општеството и да водат конструктивен дијалог за иднината на земјата во правец на евроатлантските интеграции. Освен тоа, самите изјави за нирнбершките процеси се целосно неприфатливи, реагираа од Германската амбасада.