Титовото име го носат речиси 200 улици и плоштади во светот – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/19 10:50 AM

Титовото име го носат речиси 200 улици и плоштади во светот

Во светот повеќе од 180 улици, авении, плоштади и понатаму го носат името на претседателот на некогашна СФРЈ, Јосип Броз Тито, пишува „Свијет“. Ги има во Индија, Египет, Тунис, Бразил, Русија, Италија…

Титови улици има во главните градови на Иднија (Њу Делхи), Етиопија (Адис Абеба), Ангола (Луанда), Гана (Акра), Египет (Каиро), Русија (Москва), во Сао Паоло (Бразил), во неколку италијански градови…

Во екс-Југославија најмногу ги има во Војводина и во Истра, а во истарскиот град Рабац има и плажа Маршал Тито. Во Босна и Херцеговина има 19 улици што го носат името на Маршалот, вклучувајќи ја и главната во Сараево. Улица со Титовото име има и во Подгорица, во Белград со тоа име се 14 улици, главно на периферијата, а главниот плоштад во Велење (Словенија) се вика Титов плоштад.