Поддршка за Дурловски пред изрекување на пресудата за 27 април – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/19 9:41 AM

Поддршка за Дурловски пред изрекување на пресудата за 27 април

„Браќа до крај. Браќа за цел живот“ е пораката над фотографијата на која се Богдан Илиевски заедно со Владо Јовановски, Борис Дамовски и Игор Дурловски на неколку часа пред изрекувањето на пресудата на Дурловски.

Денеска напладне Дурловски ќе дознае дали е прогласен за виновен или ќе биде ослободен од вина за насилниот упад во Собранието, бидејќи тој не побара амнестија, па затоа продолжи да му се суди.

Покрај Дурловски, на обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.