Иванов купил два стана на Водно за 250.000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/19 6:44 PM

Иванов купил два стана на Водно за 250.000 евра

Претседателот Ѓорге Иванов купил два стана на Водно, кои во Катастарот не се водат на негово име, туку се запишани на име на неговиот син. Двата стана не се пријавени во Антикорупциска. Според ТВ 24, во катастарската документација, за двата стана постои преддоговор за купородажба, зашто зградата е се’ уште во градба.

Едниот од двата стана на Иванов е со површина од 131 метар квадратен и се наоѓа на вториот кат од новата зграда на улицата „Салвадор Аљенде“. Вториот стан е во истата зграда, но најгоре, мансарда со површина од 91 метар квадратен.

Од кабинетот на Иванов велат дека претседателот купил само еден стан, но не го пријавил зашто се уште не го исплатил и нема имотен лист.