Словачки бизнисмен обвинет за вмешаност во убиството на новинарот Куцијак – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/19 3:58 PM

Словачки бизнисмен обвинет за вмешаност во убиството на новинарот Куцијак

Словачкиот бизнисмен, Мариан Кочнер е обвинет за поврзаност со убиствата на новинарот Јан Куцијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова – потврди полицијата. Куцијак, кој пишуваше за политичката корупција во Словачка, пронајден е мртов заедно со Кушнирова во нивниот дом во близина на Братислава во февруари минатата година.

Куцијак ја истражуваше и наводната поврзаност на словачките политичари со италијанската мафија, посебно со шефот на Ндрангета.

Убиството на Куцијак и неговата свршеница предизвика сериозна политичка криза што доведе до смена на Владата на премиерот Роберт Фицо.