ОФИЦИЈАЛНО: Потврдено е првото засилување во втората ера на Зидан – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/19 3:32 PM

ОФИЦИЈАЛНО: Потврдено е првото засилување во втората ера на Зидан

Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал Мадрид и раководството на клубот веќе почна да трча по засилувања за идната сезона кога веќе оваа е пропадната.

Французинот не стигна ни да дебитира, првиот меч е викендов на Бернабе, а веќе е потврдено првото засилување. Станува збор за 21-годишниот Едер Милитао од Порто кој неколку месеци се поврзува со актуелниот европски првак.

Реал го откупи неговиот договор за 50 милиони евра, а Порто на него заработи пет пати повеќе од она што му го плати на Сао Паоло кога летоска го донесе во своите реедови.