Австрија, Хрватска и Словенија најголеми странски инвеститори во БиХ – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/19 11:40 AM

Австрија, Хрватска и Словенија најголеми странски инвеститори во БиХ

Федералната Влада на ФБиХ го усвои извештајот за работа телото за странски инвестиции во Федерацијата БиХ за минатата година.

Од минатогодишните странски вложувања во БиХ од 777 милиони КМ, во Федерацијата БиХ се 73,35 отсто од вкупно вложените средства, пишува „Дневник“. Ранг-листата на најголеми странски инвеститори изгледа вака: Австрија, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Германија, Луксембург, Саудиска Арабија…