Повлечени сите 371 авиони од серијата “737 макс 8” на „Боинг“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/19 9:21 AM

Повлечени сите 371 авиони од серијата “737 макс 8” на „Боинг“

Американскиот производител објави дека од употреба се повлечени сите 371 авион. Федералната агенција за цивилно воздухопловство на САД (ФАА) соопшти дека одлуката за привремена забрана е донесена врз основа на нов доказ и на новите сателитски податоци. ФАА претходно одбиваше да ги приземји авионите, за потоа ваква наредба да стигне директно од американскиот претседател Доналд Трамп. Од несреќата во Етиопија, која се случи пет месеци по онаа во Индонезија, свои авиони „боинг 737 макс 8“ приземјија и Кина, Индија, Европска Унија, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Бразил и голем број други држави.