(видео)Над 10 повредени во тешка сообраќајка во Прилеп – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/19 12:03 AM

(видео)Над 10 повредени во тешка сообраќајка во Прилеп

Комбе, кое превезувало патници вечерва по 22.30 часот, се судрило со возило Фиат Пунто на раскрсницата на улиците „Димо Наредникот“ и „Александар Македонски“  во Прилеп, при што повредени се 10 патници.

Во директниот судир меѓу двете прилепски возила, за среќа, нема жртви. Полицијата е на лице место, каде се врши увид.

Повеќе информации се најавуваат за утре.


Видео: Инфокомпас