Две саботи овој месец работни за основците и средношколците – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/19 5:23 PM

Две саботи овој месец работни за основците и средношколците

Во саботите на 16 и на 30 март за учениците од основните и од средните училишта ќе бидат работни.

Ќе се одработуваат часови според распоред за понеделник, односно вторник. Ќе се надоместува пропуштената настава од 21 и 22 јануари, кога поради загадениот воздух учениците имаа продолжен распуст.

Дополнувањето на Календарот за организација и работа на основните и средните училишта е објавен денеска во Службен весник, а информацијата ја потврдија и од Министерството за образование и наука.