Европскиот парламент го „укина“ хрватскиот јазик – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/19 1:41 PM

Европскиот парламент го „укина“ хрватскиот јазик

Хрватската делегација во рамките на Европските народни партии (ЕПП) во Европскиот парламент во писмо до првите луѓе на парламентот изрази остро противење на одлуката изгласана вчера на пленарна седница за намалување на употребата на хрватскиот јазик.

Резултатот на таа одлука би можел да биде во новиот мандат на парламентот да биде намалена опцијата од усмен превод на хрватски јазик, покрај малтешкиот и ирскиот јазик, на кои, исто така, им се намалува „прометот“.

Делегатите нагласија оти се зачудени од оваа одлука со глед на тоа што Хрватска е погрешно ставена во група на земји со два официјални јазика, соопшти Канцеларијата за односи со јавноста на ЕПП, пренесуваат хрватски медиуми.