Македонска Каменица воведува дежурства за пожарите – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/19 1:12 PM

Македонска Каменица воведува дежурства за пожарите

По големиот пожар пред два дена во селото Саса, кога изгореа над сто хектари површина со сува трева и шума, вноредно заседаваше Локалниот коородинативен штаб за управување со кризи на Македонска Каменица. При тоа, беше донесена одлука за вовоедување дежурства на вработените во ЈП „Камена река“ и од ТППЕ Македонска Каменица. Во пожарот кај Саса  изгореа и десет хектари на букова шума, а огнот зафати и површини преку границата со Бугарија.

Според дадените насоки, донесен е заклучок за воспоставување на редовни дежурства во ЈП „Камена Река“и ТППЕ Македонска Каменица. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со ЈП Национални шуми, доколку оценат за потребно, да воведат ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси. Да се информира јавноста за постоењето на забрана за палење на стрништа како една од превентивните мерки за спречување на шумски пожари, како и за опсноста о настанување на истите. Државниот инспекторат да  да ги известат корисниците на ловиштата за можна потреба од нивно превентивно вклучување во заштитата при евентуална појава на пожар. Побарано е се зголеми соработката и координацијата со регионалните центри за управување со кризи и користење на контактите преку бесплатниот телефонски број 195, достапен 24 часа на целата територија на РСМ.

Исто така, во склад со овие мерки, покрај утврдувањето на состојбата со персоналните ресурси, беше утврдена и моменталната состојба на оперативните и материјално-технички потенцијали и нивно ставање во функција на превенција, интервенција и справување при евентуална појава на пожар. Истата треба да биде доставена до Центарот за управување со кризи и до Дирекцијата за заштита и спасување.

Покрај преземањето на превентивни мерки за спречување на евентуални пожари, на состанокот на Локалниот координативен штаб за управување со кризи беше утврдена и потребата од казнени мерки и санкции против сторителите-предизвикувачи на пожари, предвидени во законските регулативи на РСМ.

Еден од заклучоците на вонредниот состанок на Локалниот координативен штаб за управување со кризи беше и подигање на свеста кај населението да не преземаат противзаконски активности, преку зголемување на медиумската кампања во таа насока.