Словенечки градоначалник за сексистичка изјава против новинарка доби условна затворска и парична казна – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/19 11:39 AM

Словенечки градоначалник за сексистичка изјава против новинарка доби условна затворска и парична казна

Поранешниот градоначалник на словенечката општина Копер, Борис Попович, е осуден на затворска казна од шест месеци, условно на две години, за сексистичка изјава против новинарката Еугенија Карл.

Попович, кој од 2002 до 2018 година бил на чело на Копер, петтиот по големина град во Словенија, ги коментирал градите на новинарката на РТВ Словенија, Еугенија Карл.

Судот во Копер му ја изрекол условната затворска казна, а Окружниот суд во Љубљана, каде што Карл поднела кривична тужба, веќе го има казнето Попович со 3.500 евра. Попович, како што пишуваат словенечките медиуми, досега не ја коментирал пресудата, а Карл рекла дека тоа не е победа за неа туку за општествената нормалност.

Таа и уредничка во РТВ Словенија претходно добиле процес за навреда и против лидерот на словенечките демократи, Јанез Јанша.