Со „бонинг 737 макс“ сега единствено летаат само САД и Канада – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/19 10:46 AM

Со „бонинг 737 макс“ сега единствено летаат само САД и Канада

Многу земји ги сопреа сите летови на „боинг 737 макс“ поради безбедносни причини и поради тоа што причините за последната несреќа со ваков авион уште не се утврдени. ЕУ почна да ги суспендира летовите на „боинг 737 макс“ вчера, придружувајќи им се на уште десетина земји во светот. Авион од овој модел во неделата падна во Етиопија, во него загинаа 157 луѓе, а неколку месеци пред тоа во авион од истиот тип загинаа 189 луѓе.

Австрија, Австралија, Франција, Белгија, Германија, Ирска, Исланд, Италија, Малезија, Холандија, Сингапур, Турција и Обединетото Кралство вчера најавија престанок на летовите.

Засега „боинг 737 макс“ користат само авикоманиите во САД и во Канада. Тоа тие го објаснуваат зашто досега немале проблеми со квалитетот и сигурноста на авионите и оти никој од нив не побарал да престанат да го користат тој модел авиони.