ОН води истрага за снабдувањето на Северна Кореја со луксузни автомобили – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/19 9:31 AM

ОН води истрага за снабдувањето на Северна Кореја со луксузни автомобили

Фото: Архива

Експерти на ОН за спроведување меѓународни санкции наметнати врз Северна Кореја ги испитуваат неодамнешните купувања на луксузни автомобили од Пјонгјанг, што се во спротивност со санкциите од 2013 година.

„Севернокорејците можат да имаат се што сакаат, тие се снабдуваат со најдоброто кога им треба“, вели Хју Грифитс, кој во изминатите пет години ја координираше експертската група на ОН за санкциите врз Северна Кореја.

На меѓународните состаноци со лидерот Ким Џонг Ун, Севернокорејци се возеле со автомобили на „Ролс-Ројс”, „Мерцедес” или „4х4 Лексус”, се вели во извештајот на ОН.

Според експертите, голем број меѓународни санкции се неефикасни, бидејќи Севернокорејците успеваат да ги заобиколат. Случаите се испитуваат за да дознаат како ги добиле луксузните автомобили. Во анексот на резолуцијата за санкциите од 2013 година, ОН ги наведува луксузните производи забранети за испорака во Северна Кореја. Меѓу нив се накит, бисери и скапоцени камења – дијаманти, сафири, рубини, смарагди – како и јахти, луксузни и спортски автомобили.