Поради врнежи од снег забрана за камиони на неколку патни правци – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/19 9:02 PM

Поради врнежи од снег забрана за камиони на неколку патни правци

Поради врнежи од снег и негово задржување на коловозот вечерва од 19:15 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец од Прилеп кон Градско на превојот Плетвар.

Од попладево беше воведена забрана за тешки товарни возила и на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево.