Гостиварско со зачестана појава на пожари на отворен простор – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/19 4:06 PM

Гостиварско со зачестана појава на пожари на отворен простор

И на гостиварското подрачје е забележана зачестана појава на пожари на отворен простор. Од почетокот на овој месец, Противпожарната единица на Гостивар имала 57 интервенции, од кои најголемиот дел биле на гасење на шумски и пожари по гостиварските ниви. Колку за споредба во месец март минатата година на гостиварското подрачје биле регистрирани 16 пожари. А годинава само минатиот викенд гостиварските пожарникари интервенирале  24 пати

Апели за зголемена внимателност при движење на отворен простор и работа на нивите деновиве упатуваат  полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување и други институции

-Граѓанска должност на секој поединец е најбрзо што може да пријави доколку забележи пожар на отворен простор. „Од брзината на јавувањето, содржината и точноста на информации зависи и успехот на акцијата за гасење на пожарот.”, наведуваат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Неодамна имаше пожарот во атарот на селото Здуње, каде огнот се прошири до трафостаница по што постоеше ризик да ја зафати. За среќа било интервенирано навреме.

Викендот што измина имаше пожари на повеќе локации во гостиварско кај селото Митрови Крсти, меѓу Речане и Вруток, а голема површина била зафатена и во близина на село Куново