Инцидентот се случил во тетовското село Вејце во објект за видео игри. Полицаецот пукал со пиштол и повредил едно лице во стомакот на возраст од 22 години, а другото четири години постаро лице се здобило со прострелна рана во вратот. Едното од нив се наоѓа во критична состoјба, и е на Карил во Скопје, каде се следи неговата состојба.
Од полицијата информираа дека нивни екипи веднаш се пратени на местото на инцидентот
–Веднаш се преземени мерки и активности од страна на полициски службеници кои извршиле увид во објект за видео игри во село Вејце, при што била пронајдена чаура со калибар 9 мм и траги од крв. Во 23 часот и 40 минути, во Полициската станица, Тетово дошол 25-годишник од истото село, полициски службеник кој не бил на работа, кој изјавил дека со неговиот пиштол ги повредил двете лица, велaт од СВР Тетово
Полицискиот службеник задржан е во полициска станица. За случајот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и полициски стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.