Манчестер Сити создава фонд за обештетување на жртвите на сексуално насилство од тренери – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/19 1:13 PM

Манчестер Сити создава фонд за обештетување на жртвите на сексуално насилство од тренери

Жртвите на насилство од поранешниот тренер во школата на клубот Манчестер Сити, Бари Бенел ќе добијат обештетување. За таа цел, клубот формира фонд, со цел жртвите да бидат обештетени со шестцифрени суми, а најавено е и писмено известување.

Поранешниот тренер, Бенел во моментот ја отслужува својата триесетгодишна затворска казна за сексуална злоупотреба на деца. Пред да и’ се приклучи на една од најпрестижните школи – Кру александра, Банел во Академијата на Манчест Сити бил тренер во периодот меѓу 1976 и 1984 година. Бенел е тужен од четириесетина лица. Дел од нив се од САД, каде тој кратко работел во фудбалска школа.

Манчестер Сити, исто така, ќе понуди паричен надоместок од друг фонд за жртвите на Џон Брум – докажан педофил, кој почина во 2010 година. Брум работел за Сити како учител во областа на талентот и како тренер во училиштето.

Девет лица во моментов споделиле дека биле предмет на сериозно сексуално насилство од страна на овој педофил, вклучувајќи и силување- пишува уште „Гардијан“.