Полска: Храбра крава избегала на остров за да се спаси од кланица – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/19 10:39 AM

Полска: Храбра крава избегала на остров за да се спаси од кланица

Градоначалникот на Ниса, град на југот на Полска, изјавил дека „кравата-херој“ што избегала од кланица и отпливала на остров за да се спаси од ножот, треба да се остави да живее и, кога ќе се фати, да се пренесе во резерват за животни, за што е подготвен да му плати на сопственикот на храбрата крава.

Кравата од кланицата отпливала на блискиот остров уште минатиот месец и таму се населила. Била исплашена, па напаѓала секого кој ќе и’ се добижел, вклучувајќи го и нејзиниот сопственик, кој се обидел да си ја врати, пишува „Индепендент“. Откако не успеал, замолил пожарникари да и’ однесат храна. Но, кога деновиве ги видела пожарникарите, кравата избегала, испливувајќи педесетина метри до соседниот полуостров.

Сопственикот тогаш сакал да ја убие и да заврши приказната, но се вклучува градоначалникот со иницијативата за спас на кравата, па се очекуваа таа мирно да си го проживее остатокот од животот.