Роналдо посочи од кого им е потребна најголемата помош во реваншот против Атлетико – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/19 4:23 PM

Роналдо посочи од кого им е потребна најголемата помош во реваншот против Атлетико

Јувентус го дочекува Атлетико Мадрид во Торино, во реванш мечот од осминафиналето во ЛШ.

По првиот меч, Атлетико има фантастичен резултат против силниот Јувентус (2:0), нешто кое ќе се обидат да го искористат и со евентуален гол нагости, да се доближат уште повеќе до четвртфиналето.

Но Роналдо не се откажува, верува дека со неговиот Јувентус, имаат шанси да го минат Атлетико.

„Го очекуваме мечот со Атлетико, тоа сакаме да биде посебна вечер. Секако дека е можно да ги минеме, но за тоа ние потребна помош. Ние ќе сториме се што е можно на терен, но работата на трибини ќе мора да си ја завршат и навивачите, за да направиме голем кам-бек“.

„Во Серија А сме одлични, водиме со 16 бодови и среќни сме како се движат работите. Освоивме Куп против Милан, сега целта ни е првенството и ЛШ серазбира“, нагласи Кристијано Роналдо.