Изгоре куќа во Пехчево – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/19 12:49 PM

Изгоре куќа во Пехчево

Синоќа околу 23:30 часот по претходна дојава, Територијалната противпожарна единица од Берово учествувала во гаснење на пожар на семејна куќа во градот Пехчево. Според информациите на командирот на Територијалната противпожарна единица од Берово, Зоран Ајтовски во пожарот учествувале две противпожарни возила со 6 пожарникари.

-Се работи за пожар во кој изгоре куќа на улица Пиринска. Куќата е градена од тули и градежен материјал кој е лесно запаллив. Пожарот бил доцна забележан и пријавен при што во моментот на пристигнувањето на нашата екипа поголем дел од куќата беше зафатена од пожар. За среќа луѓето кои живеат во куќата се извлечени навреме, а со брзата интервенција спасени се и околните куќи, соопштува Ајтовски.

Според непотврдени информации причините за пожарот била старата електрична инсталација, но истрагата допрва треба да утврди коај е вистинската причина за пожарот кој ги остави без покрив над главата семејството Митриновски од Пехчево