По четири дена, електрината енергија постепено се враќа во главниот град на Венецуела, Каракас, ја пренесуваат агенциите денешната изјава на градоначалничката Ерика Фаријас, а се правеле напори да се нормализира снабдувањето со струја во целата земја.
– Се обидуваме сто отсто да ја вратиме струјата, но можни се проблеми со енергетскиот систем – истакнува градоначалничката.
Во четвртокот вечерта Каракас и поголемиот дел од земјата останаа без електрична енергија. Полицијата упасила повеќе од 50 луѓе во Каракас поради обиди за кражби од маркети.
Министерот за одбрана на Венецуела соопштил дека е распоредена војска за да ги заштити електроенергетските објекти од евентуални саботажи.


