Чај од јасмин како превентива против карцином – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/19 10:25 AM

Чај од јасмин како превентива против карцином

Чајот од јасмин, за разлика од некои други чаеви кои што секојдневно ги употребуваме, не е толку прочуен и употребуван кај нас. Но после овој краток текст веруваме дека ќе ве заинтересираме да го побарате и да ги вкусите дел од благодетите кои тој може да ни ги понуди.

Чајот од јасмин како превентива против карцином
Чајот од јасмин многупати бил мета на многу научни истражувања. Сите истражувања безрезервно ја потврдиле неговата корисност и благодет за организамот, а некои од нив откриле интересни факти за него. Во неколку истражувања е потврдено дека состојките кои се наоѓаат во чајот од јасмин делуваат дестимулативно на канцер клетките на дојката.

Исто така при други истражувања, научниците слични ефекти забележале и кај малигните промени на простата, што е уште еден доказ дека чајот од јасмин би можел да биде основа за лек против оваа лоша болест. Секако, чајот од јасмин неможете да го употребувате како единствен лек против оваа болест, но со сигурност можете да го употребувате како превентивно средство, конзумирајќи го во неограничени количини.

Чајот од јасмин против стрес
Овој пат не чајот, туку неговиот мирис делува стимулативно врз организамот и ја стабилизира работата на срцето. Бројни истражувања направени врз волонтери, ја утврдиле оваа неверојатна моќ за смирување, која ја има мирисот на чајот од јасмин. Уште една причина плус да уживате во овој чај. Прво помирисајте го па потоа конзумирајте.

Чајот од јасмин против покачен холестерол и триглицериди
Зголемените маснотии во крвта се чест проблем. Научниците советуваат да го употребувате чајот од јасмин во терапија против покачените маснотии, но во комбинација со зелениот чај, бидејќи тогаш има најдобар ефект – советуваат научниците.

А ние ве советуваме, уште денес да го побарате овој чај, да почнете редовно да го користите бидејќи верувајте, освен ова што го напишавме сигурно има уште многу поволности кои може да ви ги понуди.