Детето што во сообраќајка го повреди хрватска министерка добро закрепнува – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/19 8:14 AM

Детето што во сообраќајка го повреди хрватска министерка добро закрепнува

Детето што вчера беше повредено во сообраќајна нереќа во Винковци, кога во него додека ја претрчувало улицата удрила со автомобил хрватската министерка за регионален развој и ЕУ-фондови, Габриела Жалац, која возела со возачка дозвола со истечен рок, се чувствува добро и веројатно ќе заврши без последици, соопштуваат од болницата.

Жалац во врска со сообраќајката синоќа се огласила на „Фејсбук“.

„По овој несреќен ден, уште еднаш искажувам длабоко жалење поради несреќата. Ја посетив мојата мала сосетка во болница. Таа добро закрепнува, потколеницата е санирана. Што се однесува до возачката дозвола, пропуштив да ја продолжам нејзината важност и за тоа и’ се извинувам на јавноста. Казната ја платив веднаш, во согласност со Законот“, напишала Жалац.

Од вуковарско-сремската полиција надевдуваат дека до несреќата дошло во моментот кога детето ја преминувало улицата надвор од пешачки премин, пренесуваат хрватски медиуми.