Ако сте љубители на портокал и лимон еве како може да одгледувате и во домашни услови – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/19 4:50 PM

Ако сте љубители на портокал и лимон еве како може да одгледувате и во домашни услови

Љубителите на портокали и лимон сега може да уживаат во нивниот цитрусен мириз одгледувајќи ги дома.

Дали знаете дека лимонот и портокалите може без проблем да ги одгледувате во вашиот стан – дом?
Со оглед на тоа дека новите варијации на овие растенија не достигнуваат голема висина, погодни се за секоја просторија.

Портокалите растени во затворена просторија се егзотични, а цитрусната миризба или каламондин, е мала билка од Филипини која одлично се прилагодува и на европските климатски услови.

Портокалите кои растат во домот, односно стеблото на ова ратение ги има истите карактеристики како и оние кои растат во тропските делови, освен малата разлика во висината. Стеблото на собните портокали расте до висина од пола метар, исто како кај поголемите видови кои мора да се одгледуваат во стакленици за да ја преживеат зимата.

Портокалот од видот цитурс-митис, е растение за кое е доволна просечна големина на саксија.
Кога цвета има убави и бели мирисни цветови , а полодовите се мали и округли. Секако може да се јадат, но помлаку се горчливи и киселки.

Најчесто овој вид на портокал се користи за жестоки пијалоци. Интересно е тоа што растението во исто време има и зрели плодови и цветови.

Лимот што расте во домот- во соба, има слични какартеристики како и растењето на портокалот.
Најголемо внимание треба да посветите за време на пресадувањето и за време на зимскиот период.
За време на летниот период на портокалите и лимоните одлично им годи толото сонце.
Може да ги ставите во доворот или на балконот. Но штом започнат првите студени денови потребно е веднаш да ги ставите внатре во домот, бидејќи не поденсуваат студ, особено мраз.
Во текот на зимата цитрусните растенија мируваат, а најдобро е да ги сместите во просторија на температура околку 10 степени.

За време на вегатацијата потребно им е многу вода, но земјата никако не смее да биде премногу влажна.

Лимонот и портокалите се зимзелени дрвца или жбунчиња, а за да родат убави форми на плодови, потребно е да се исечат. Најчесто гранките им се отстануваат за време на пролетните денови.