На Осми март многумина продаваат цвеќе, но еден бањалучанец никого не остави рамнодушен. Тој на оригинален начин го класифицирал цвеќето – во еден кош за саканата сопруга, во друг за љубовницата, а во трет за романтични русокоси.
Хит-фотографијата на продавачот направена вчера од бањалучки портал ја пренесуваат речиси сите медиуми во Босна и Херцеговина.