СДСМ: Македонскиот идентитет е заштитен и загарантиран – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/19 7:29 PM

СДСМ: Македонскиот идентитет е заштитен и загарантиран

Опозицијата стравува од пораз на претстојните претседателски избори и затоа преку лаги се обидува да внесе вознемиреност кај граѓаните и јавноста – велат од СДСМ, како реакција на денешната прес конференција на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Придавката „македонски“ останува за се’ она се однесува на припадност на македонскиот народ, односно секаде каде што го има етничкиот елемент. Промената на имињата на дел од институциите е согласно Договорот од Преспа односно уставните измени. Оние институции кои се однесуваат на македонската националност и припадност, остануваат македонски. На пример МНТ останува Македонски народен театар бидејќи е на македонскиот народ, а има и Турски и Албански театар. Истовремено, идентитетот не само што не е загрозен туку е и дополнително потврден – додаваат од СДСМ.