Владата на Црна Гора вчера ги усвоила измените и дополнувањата на Законот за внатрешна трговија со кои им се забранува работа на трговските објекти на големо и мало во неделите и на празници.
„Позитивна вест за околу 37.000 вработени во секторот за трговија“, напишаа на „Твитер“ од Владата на Црна Гора.
Исклучок ќе бидат објектите за непречено функционирање на општеството, наведуваат црногорските медиуми.