Ана Брнабиќ: Приштина му зададе завршен удар на дијалогот – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/19 11:04 AM

Ана Брнабиќ: Приштина му зададе завршен удар на дијалогот

Платформата на Приштина е трет и завршен удар врз дијалогот помеѓу Белград и Приштина, рекла српската премиерка Ана Брнабиќ по денешната седница на Советот за национална безбедност на Србија и додала оти тој документ е спротивен на здравиот разум, јавуваат српските медиуми.

– Првиот удар беше непочитувањето на Бриселската спогодба од страна на Приштина. Не имплементираше ништо од тој документ. Не постои ништо од Заедницата на српски општини, што беше нејзина основна обврска. Вториот удар беше воведувањето царини од небулозни сто отсто на стоките од Србија и од Босна и Херцеговина – истакнува Брнабиќ.