Кичевчанец приведен, откако нападнал полицаец – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/19 2:01 PM

Кичевчанец приведен, откако нападнал полицаец

Кичевчанец е приведен, откако вербално и физички нападнап полицаец, кој се обидел да го легитимира.

Во полициската станица Кичево вчера околу 19:00 часот било пријавено дека на булеварот „Ослободување” 18-годишниот Б.Д. вербално и физички нападнал полициски службеник, којсе обиделе да го легитимира него и 19-годишниот П.Д.

-Тој бил приведен и при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.