По повеќе од две децении започнатите проекти за фекална канализација во Општина Јегуновце – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/19 1:53 PM

По повеќе од две децении започнатите проекти за фекална канализација во Општина Јегуновце

По повеќе од две децении започнатите проекти за фекална канализација во дел од населените места во Општина Јегуновце ќе се довршат, најавија од Општина Јегуновце.Градоначалникот Дарко Блажевски истакна дека општината ги намалила долговите, а 2018 година ја завршила со позитивно салдо.

Наскоро ќе започне со доизградба на фекалната канализација на потег Жилче – Шемшово, истакна градоначалникот на Општина Јегуновце. Овој како што рече проект е започнат пред повеќе од две децении. Најава и нови инфраструктурни проекти во општината, кои се се поретки во руралните општини.

Како и другите општини и Јегуновце има наследени долгови. Градоначалникот Блажевски рече дека успеала да го намали долгот на општината, а 2018 да ја завршат со позитивно салдо.

Општина Јегуновце најави и проекти за развој на руралниот туризам, како изградба на пат до планинарскиот дом Љуботен.

Зоран Димовски