Засадете цвеќе во вашите стари чевли (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/19 1:07 PM

Засадете цвеќе во вашите стари чевли (ФОТО)

Ако го отворите вашете шкафче во домот кадешто ги чувате чевлите, сигурно ќе најдете неколку пара обувки на кои или им поминала модата, или се оштетени или пак едноставно повеќе не ги носите, но од сентиментални побуни стојат во вашиот шкаф.

Имаме идеја како ваште стари чевли кои не ги носите повеќе најдат кративно место во вашиот декоративен двор.

Засадете цвеќе во нив. Ем ќе имате униактен декор во дворот, ем вашите омилени чевли нема да завршат во канта за отпадок.

Потребен ви е еден пар чевли, неколку шајки, земја и цвеќе кое сакате да го посадите. Пред да ги наполните чевлите со земја, задолжително извадете ги сите внатрешни влошки и меки материјали кои има шанса да се распаднат во допир со влага.

Потоа направете неколку дупчиња на ѓонот, за цвеќето да ја има потребната циркулација на воздух и вода. Ви останува само да го засадите цвеќето и да ги распоредите чевлите-саксии.