Продолжение на 90-тата собраниска седница – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/19 8:00 AM

Продолжение на 90-тата собраниска седница

Предлог законите за електронско управување и електронски услуги и за изменување и дополнување на Законот за работните односи, двата во прво читање, се на дневниот ред на 90-тата собраниска седница.

Во рамките на седницата пратениците треба да разгледаат и четири предлог закони по скратена постапка и тоа: за спречување и заштита од дискриминација, за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, за изменување и дополнување на Законот за банките, за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување и за изменување и дополнување на Законот за енергетика.

МИА