Со затоплување на времето повторно се појавија пожарите на отворено на полошкото подрачје – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/19 7:32 PM

Со затоплување на времето повторно се појавија пожарите на отворено на полошкото подрачје

Со затоплување на времето повторно се појавија пожарите на отворено на полошкото подрачје. Огновите преставуваа голема закана и опасност.

За еден од поголемите пожари на отворено кога минатаа недела на влезот од Гостивар се запалија триесетина гуми во склад на нива кај здуњската раскрсница, полицијата се уште работи на утврдување на поединостите и расчистување на случајот. Оттаму ни истакнаа дека  по целосно расчистување и документирање, против сторителот ќе следува соодветна пријава за сторено кривично дело „ загадување на животната средина и природата“. Според законските регулативи за ова дело, предвидена е парична или затворска казна од три до десет години, зависно од околностите и крајните последици.

Секторот за внатрешни работи Тетово во неколку наврати упати апел и предупредување до сите кои работат или се движат на отворен простор, да не палат огнови. Во апелот се наведува

-Ова, посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба, кои ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите и потоа заминуваат, а огнот без контрола брзо се шири, особено кога времето е ветровито. Да бидат максимално внимателни им се советува, исто така, и на оние кои работат во шумите, како и на излетниците.“ рече портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоск

Во насока на превенција од пожари, полицијата, неколку пати годишно организира состаноци со советодавните граѓански групи, на кои посебно им се укажува на потребата од максимална внимателност, кога станува збор за палење оган на отворен простор. Состаноци биле одржани и со инспекторите за заштита на животната средина во Гостивар и Тетово, со акцент како најбрзо и најефикасно да се постапува кога ќе се регистрираат незаконски постапки на поединци или фирми врзани со предизвикување на пожари.

Зоран Димовски