Жител на Росоман спречувал полицијата да изврши претрес во неговиот дом – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/19 2:38 PM

Жител на Росоман спречувал полицијата да изврши претрес во неговиот дом

Tриесет и седум годишниот В.Т од Росоман синоќа се обидел физички да нападне полициски службеници кои дошле во неговиот дом да извршат претрес.  Тој најпрво ги попречувал да го извршат претресот, а потоа и се нафрлил кон нив, информираат од СВР Велес.

„ Синоќа  во 21.00 часoт при обид на полициски службеници да извршат претрес во дом и други простории кај лицето  В.Т.(37) во нас.Росоман, истиот се обидел да ги спречи во постапувањето и во еден момент се обидел и физички да ги нападне упатувајќи им закани. В.Т. е приведен во Полициската станица Кавадарци“ вели портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Од полицијата не откриваат повеќе детали зошто требало да се изврши претрес, а додаваат дека по целосно докуменитрање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ангел Данов